3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Некогашна бајачка сега се кае: Шурувањето со нечестивиот ми го упропасти семејството

Всушност, Власта (48 г.) ниту во лудило, како што сега тврди, не би се впуштила во „ѓаволски работи“, да знаела дека бавењето со црна магија, буквално ќе и` го уништи животот.

После низа трагедии кои и` се случиле, одлучила да побегне од минатото и да ја побара `оазата на мирот`.

Власта е инаку, родена во Шабац, три години живее во Бечиќи.

Иако нема пстојано втработување, вели дека е среќна што го пронашла духовниот мир во оној момент кога се свртила кон православната вера и го оставила на страна играњето со демонските сили и поигрувањето со човечките судбини.

За своите гревови, некогашната бајачка вели дека не ги наплатуваат само оние кои од црните магови барале помош, за да придобијат нешто или некому да нанесат зло.

Ѓаволот наплатува `данок во крв` и на црните магови.

– Тоа ми се случи мене. Наплатив за сите мои гревови.
И се` уште наплатувам!

Најпрвин, мојот сопруг, на работа го изгоре струен удар. Потполно беше јагленосан.

Пред трагичната смрт на сопругот, во растојание од два дена, се упокоија и моите родители.

Не сфаќав дека тие несреќи ми беа опомена, да ја оставам оваа работа.

После две години се случи најголемата моја болка, која ќе ме боли додека сум жива.

Ја изгубив ќерката Ања на нејзиниот осумнаесети роден ден – вели Власта.

Еве како се случи тоа:

– Моето дете, во една дискотека со друштвото очекуваше да дојде полноќ, за да ги дувне свекичките на роденденската торта, кога ја погоди заскитан куршум.

Издивна на лице место, а јас до ден – денес, не можам да се закрепнам од шокот.

Сега сфаќам, дека се` што ми се случуваше беше опомена за да престанам да се занимавам со црна магија и на луѓето да им нанесувам зло.

Навреме ако престанев, веројатно ќе го спасев моето семејство – раскажува Власта, која благодарејќи на молитвите и постот, се вратила на вистинскиот христијански пат.

поврзани објави

Последни објави