Видете, сето она кое што ВМРО-ДПМНЕ го говореше во минатото се темели на принципи, искреност и чесност. Да видиме најпрвин што ќе биде од страна на мнозинството. На хипотетички прашања се чувствувам непријатно, да бев на квиз сигурно ќе одговорев. Вака, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање „дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го бојкотира референдумот“ за договорот за името, вечерва во Топ Тема на Телма ТВ.
Денес патувајќи од партиското седиште до вашата телевизија наидев на неколку полициски бариери. На што се должи сето ова ги прашав полицајците. Не ми рекоа од каде идејата за славење, туку се подготвуваат за протести, рече Мицкоски, притоа неприцезирајќи зошто не ги поддржуваат тие протести како ВМРО-ДПМНЕ.
Протест е каде што имаме потенцијални сценарија, а врз основа на нашите информации постоеше сериозна можност да луѓе кои припаѓаат на владејачкото мнозинство направат инцидент, да го испровоцираат гневот на граѓаните. Некој сакаше да исконструира сценарио за да потоа бидеме обвинети ние од ВМРО-ДПМНЕ. Таму имаше луѓе со деца, колеги мои од факултет, професори, рече Мицкоски во гостувањето на ТОП ТЕМА на Телма ТВ.