Граѓаните се тие кои очекуваат подобри решенија, подобра иднина, тие се оние кои сакаат стабилност, мир, поголема безбедност, и сега веќе е време сите да мислиме за новите поколенија, за иднината на новите генерации, за младите. Време е работите да одат по потребниот пат. Мислам дека не би било добро ни за опозицијата, уште повеќе за претседателот на државата. Блокирањето на процесот за промена на име ќе ја загрози нашата иднина.
Никој не смее да биде над законот. Ова се барања на сите граѓани на Република Македонија без разлика на национална, верска или политичка припадност.