Покрај новогодишните празници, летото за естрадата е веројатно најплодниот период… Отворени дискотеки, клубови, кафулиња, летни тераси, базени, плоштади, летни фестивали и манифестации, стотици свадби… Можност за вистинска естрадна „летна жетва“.
Татијана Стефановска како една од најатрактивните македонски фолкерки е прилично ангажирана. По настапот на манифестацијата „Гурман фест“ во Дојран , каде згодната битолчанка заедно со Сузана Гавазова беа главните музичка ѕведи, кои со својата песна ги „гостеа“ присутните гурмани, Татијана, меѓу две „тезги“ украде и малку време за себе, па реши да се одмори.
А на лето, каде на друго место ако не покрај вода.
Згодна, пожелна, секси… расоблечена на една од преубавите песочни плажи на грчкото крајбрежје, во модерно бикини со карнери, Татијана реши да го тестира вкусот на публиката, ама и да го потврди својот: Која поза, најмногу и лежи? Затоа постираше иста фотографија во три фрема: Убаво лице, вито тело и долги нозе, во три пози… И тоа различни! Тетоважата над долниот дел од бикинито, само потенцира какво секси стомаче има битолското фолк маче!
Татијана Стефановска, а Вам најмногу ви се допаѓа!