Потпретседателот на САД Мајк Пенс во телефонски разговор со премиерот на Република Македонија Зоран Заев му честитал за историскиот договор со Грција за решавање на деценискиот спор за името помеѓу двете земји. Тој ја поздравил одлуката на ЕС за давање на датум за отпочнување на преговори на Република Македонија со ЕУ во јуни 2019 година и ја реафирмирал поддршката на САД за членството на Македонија во НАТО и ЕУ.
Потпретседателот на САД Пенс изразил поддршка за лидершипот, храброста и заложбите на претседателот на македонската влада Зоран Заев за мир и стабилност во регионот и ја понудил поддршката на САД за историскиот договор меѓу двете земји инеговата имплементација.