-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Перфектниот претседател: Згодна, со исклучителен шарм на трибините покрај фановите

“Честитки за победата на цела Русија“ напиша на Твитер хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ по успехот на домаќините над Шпанија во осмина-финалето на Мундијалот 2018 и го тагна својот колега Владимир Путин.

Исто како и Путин, и Грабар – Китаровиќ е пеколен почитувач на спортот. Но, за разлика од првиот човек на Русија, кој е опколен со стотици претставници на тајните служби, како и огромен број на обезбедување, нејзиното појавување и движење е доста по-спокојно.

За осмина-финалниот двобој на хрватите против Данкса Колинда Грабар Китаровиќ се качи во чартер со големи фанови на Хрватска и го гледаше мечот од француските трибини облечена во националниот хрватски репрезентативен дрес.

“Сакав да покажам, дека сум приврзаник на фудбалот како сите останати. Го облеков националниот репрезентативен дрес и отидов кај луѓето. Дрескодот во ВИП зоната немаше да ми дозволи да се појавам во таков вид. Таму требаше да сум со официјална и формална облека. Што се однесува до мечот – голманот ни се покажа како херој да стигнеме до четвртфиналето. Ќе се видиме со екипата на Русија во Сочи и нека победи подобриот.“

 

ФОТО Грабар Китаровиќ

Пред неколку месеци таа наполни 50 години, но се уште продолжува да биде атрактивна жена. Таа влегува во политиката сосем млада поточно во 90-те години на минатиот век, кога државата станува независна од бивша Југославија, а нејзината политичка кариера се развива и подобро од очекуваното.

Во 2003-та година е назначена за министер за европски прашања, а потоа и за министер за внатрешни работи во владата на Иво Санадер.

Во периодот 2008-2011 таа работи како помошен генерален секретар на дипломатијата на НАТО, станувајќи прва жена на таа функција. Грабар Китаровиќ станува претседател во 2015 години, по нејзината победа на претседателските избори во Хрватска. Дали ќе успее да донесе економски раст во државата, социјална стабилност, заштита на човековите права и подобар животен стандард, ќе покаже времето, а засега на хрватите им останува да видат дека барем таа се обидува да го направи тоа.

поврзани објави

Последни објави