Утре се празнува свети Јован – летен, повеќе познат како Иванден, денот на раѓањето на Свети Јован Крстител.
Со Иванден се поврзани многу обичаи, верувања, но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ.
Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иваново цвеќе, коешто го ставаат во ковчезите со алиштата за да ги чува од молци.
На овој ден жените берат цвеќиња и плетат венци и ги закачуваат на вратата , според народното верување ова би требало да ги штити од несреќа.
На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја.














