Здраво Галама. Се викам Милена. Со моето “мажуле” (го нарекувам мажуле бидејќи не заслужува да го наречам МАЖ) пред шест месеци се преселивме во Штудгарт, Германија.
Тој како информатичар, конкурираше на оглас во еден од гигантите – производители на автомобили овде во Германија, па и во светски рамки и за чудо го примија. Доби работа како систем инжињер во развојниот дел на компанијата, каде што се изработува софтверот за автомобилите.
Бевме пресреќни,. што да ви кажам. Деца сеуште немаме, бидејки се зедовме пред неполна година. Сега со преселбава во Германија, го оставивме тоа за некои други времиња.
Овде почнавме од игла, ќе ви делува можда смешно, ама од Македонија си понесовме по две виљушки, ножеви и лажици. Тоа е. Но, надежта беше во тоа што на Игор му потпишаа договор за почетна месечна плата од 3000 евра, а се надевавме дека и јас нешто ќе почнам да работам.
Но што се случи. Моево “мажуле” е многу комуникативна личност и за кратко време успеа да им влезе “под кожа” на колегите од работа. Веднаш почнаа да го викаат во некоја сала, платено од фабриката, за да играат фудбал. После фудбал, речиси секогаш заглавуваат уште два, три часа на пиво, во некој од блиските барови.
Си реков ок, нека се дружи. Можеби и јас во иднина ќе си организирам некаков социјален живот. Се беше во ред до средината на овој месец и празникот Валентајн. Мажулево мое ми соопште дека и на празникот, вечерта после работа ќе оделе да играат фудбал??? Е тука веќе збеснав. Постојано сум дома и одвај чекам да дојде некој ваков ден за и јас да мрднам од дома, а тој на Валентајн ќе играл фудбал. Но што можам, после кавгата се помирив со ситуацијата и преќутно му дозволив да оди.
Игор се врати дома во еден по полноќ!! Со оглед на тоа што беше малку потпијанет, не го прашав ништо, ако сакав да го направам лом. Оставив за другиот ден. Сабајлето станав вообичаено, облеков тренерки за да одам до локалниот дуќан, да купам леб, кафе и нешто за појадок. Беше работен ден, Игор требаше да оди на работа, но сеуште не беше станат од спиење, па затоа, пред да го разбудам, отидов да ја побарам неговата јакна, за да земам пари од новчаникот.
И тука следеше шокот. Јакната е кафена и забележав црвени траги. Помирисав, кармин. Брцнав во џебот, неискористен кондом!!! Па добро бе глупаку, зар неможеше да го фрлиш нескористениот кондом? – си реков самата себеси. Тоа дека го купил замене, нема да му држи, бидејки имам спирала.
Не чекав веќе ни минута, му влегов во спална и почнав да му се дерам. Мажулево, уште неотрезнето од пијанството почна некако да пелтечи и да се првада. Прво што му дојде на ум кога се подосвести, беше лажгата дека во барот кај што биле на пиво, се организирала некаква лотарија и него му паднало кондом! Ај, држи до негде, ама од каде карминот?
Сега мажулево се отрезни скроз и ми рече дека не знае за карминот. Тој ја дал јакната на шанк да му ја обесат некаде и најверојатно се допрела некоја женска! Па нели немаше женски таму кај шо одите вие на пиво бе Игор? Нели се мажи беа таму. Е да ама, вчера било Валентајн и имало и некои жени излезени на пиво!
Незнам што да ви кажам, многу сум бесна и повредена. За толку кусо време ли му удрија парите во глава на ова моево “мажуле”. Се мислам дали да се соберам и да си се вратам во МК. Ќе пукне брука, моите ќе ги разболам, ама па да седам дома, а тој да се шета постојано и уште да ми се враќа дома со кармнни размачкан, после само 6 месеци овде. Шо ќе биде по година дена, ќе ми донесе дома проститутка?
Галама: Петар П.
Името и презимето познати на редакцијата. Овој текст е авторски и не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.
Пренесено со одобрение од порталот Галама