Пејачот Влатко Илиевски синоќа во 23 часот беше пронајден мртов во својот автомобил, а причините за смртта сѐ уште не се утврдени.
Многу негови колеги и блиски пријатели јавно на социјалните мрежи се збогуваат со пејачот и споделуваат емотивни фотографии и статуси. Една од нив е и пејачката Тања Царовска.
Рокерот Влатко Илевски ќе биде погребан утре на пладне на гробиштата во Ѓорче Петров.











