Премиерот на Република Македонија Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на бугарската агенција БГНЕСна маригните на Самитот на Кина со земјите од Централна и Источна Европа во Софија, вели дека ако македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов повторно не го потпише Договорот за името со Грција, тогаш ќе има референдум, кој ќе се одржи на крајот на септември, односно на почетокот на октомври, а токму тој ќе биде одлучувачки бидејќи политичарите ќе мораат да го испочитуваат гласот на народот.
– Тој што треба да гласа ќе гласа, а тој што треба да потпише ќе потпише, затоа им служиме на граѓаните, потенцираше Заев.
Иванов, како што рече Заев, не може да го блокира процесот.
– Ако не го потпише сега ќе треба да го направи тоа по референдумот, додаде тој.














