По веста за смртта на пејачот Влатко Илиевски, неговите пријателии, соработници и колеги не престануваат да објавуваат статуси и фотографии од пејачот.
Водителката Миа Костова на својот Фејсбук профил се збогуваше од нејзиниот колега и пријател.
„Тажно е што не знаеме да препознаеме кога некој тоне… Друже, те памтам како детето со виткана коса што увек шмекерски ги поздравуваше постарите во МБУЦ. Патувај. Сега ти е сигурно полесно“, напиша Миа.
Тажно е што не знаеме да препознаеме кога некој тоне… Друже, те памтам како детето со виткана коса што увек шмекерски ги поздравуваше постарите во МБУЦ. Патувај. Сега ти е сигурно полесно. ❣️
Posted by Миа Костова on Saturday, July 7, 2018