Младиот и надежен фудбалер на Академија Пандев, 19 годишниот Кристијан Велиновски уште еднаш на дело го покажа својот фудбалски талент. Имено, на натпреварот на неговиот клуб Академија Пандев од Струмица против Локомотив Пловдив во кој што изгубија со резултат од 2:1, Велиновски го ублажи поразот со неговиот прекрасен гол од 25 метри далечина.
Тој влезе во игра во второто полувреме од натпреварот, а голот го постигна во 81. минута.
Ова е прв контролен натпревар на екипата на Академија Пандев ова лето.
ГОЛОТ НА ВЕЛИНОВСКИ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА 1:42 СЕКУНДА НА ВИДЕОТО
LokomotivTV: Локомотив – Академия Пандев 2:1 (контрола – 08.07.2018)
Видеорепортаж от победата на Локомотив над Академия Пандев с 2:1. Попаденията за "черно-белите" реализираха Бирсент Карагарен и Филип Михалевич.
Posted by Lokomotiv Plovdiv on Sunday, July 8, 2018








