25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Роберт Милески: Словенецу Жбогар, ај престани да се мешаш во Македонските работи

Бизнисменот и активист Роберт Милески реагира на изјавата на амбасадорот на ЕУ во Скопје Самуел Жбогар кој во врска со зачленувањето на Македонија во ЕУ во интервју порача: Патот завршува тука ако речете „не“ на договорот.

Милески кој беше оштар критичар на режимот на Груевски сега е на страната на тие што се против промена на уставното име и договорот со Грција

„Драг Словенац, што се мешаш во внатрешни работи на Македонија? Зошто вршиш влијание врз македонските граѓани? Ти како гостин амбасадор не смееш да се дрзнеш да изнесуваш ставови за внатрешните работи. Како тебе ќе ти биде да дојдам ја во Љубљана и да им солам памет на Словенци како да гласаат, а? Ќе ме прогласите персона нон грата за пет минути, нели“, пишува Милески.

Бизнисменот вели дека Македонците нема да кажат “не” на договорот, туку нема воопшто да удостојат никого со одговор!

Милески се шегува и со изјавата на Жбогар кој во интервјуто вели: “За нас како меѓународна заедница” на што Милески реагира: „Од кога ти Словенац стана меѓународна заедница! Така ли ве лажат Германци. До вчера во иста држава живеевме, сега тој бил меѓународна заедница. Ја знаеш онаа – видела жабата како се потковува коњот, кренала и таа ногата“.

Во својата реакција Милески му повторува на амбасадорот да се држи до дипломатскиот кодекс и му порачува уште еднаш да не се дрзне да влијае врз македонскиот народ, со порака ако не ги знае дипломатските правила, да му се јави да му ги објасни.

По реакцијата Милески веднаш беше нападнат од приврзаници на владата и луѓе кои се залагаат за прифаќање на договорот со Грција. Откако предходно беше обвиннуван дека работи во интерес на СДСМ сега тој е обвинуван дека се откажал од каузата и битката и започнал да соработува со ВМРО – ДПМНЕ.

Извор: Експрес

поврзани објави

     

Последни објави