3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Драги Рашковски: ВМРО-ДПМНЕ ме клеветеше лажно, а потоа ми се извинија 11 пати

Партијата ВМРО-ДПМНЕ преку судска спогодба му се извини на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за, како што стои во спогодбата, клевети објавени на фејсбук страната на партијата и преку прес конференција.

Како што напиша Рашковски на фејсбук, против ВМРО-ДПМНЕ и функционери на партијата поднел тужба за изнесени лаги и клевети за непотизам, кумски врски и незаконско работење. Освен што партијата се извинува, прифаќа да ги плати сите процесни трошоци на Рашковски.

„Првин ќе ве напаѓаат, после ќе ви се извинат, а би сакал да дојде момент кога меѓусебно ќе се пофалиме за сработеното. 11 извинувања за 11 обвинувања од страна на ВМРО- ДПМНЕ
– за непотизам
– за кумски врски
– за присвојување на материјална корист
– за незаконско работење
– за се што требаше да доведе до мое деградирање на професионален и личен план.

Наместо да се впуштам во “ѓаволско докажување” на обвинувањата одговорив со тужби за клевета кои завршија со спогодби преку кои се извинија за се што беше изнесено во јавноста.

Нека е ова правна пракса за тоа како треба да изгледа политички дијалог и решавање на меѓусебни обвинувања“, напиша Рашковски на фејсбук.

Извор: Фејсбук профил на Драги Рашковски

поврзани објави

Последни објави