3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Што правиме кога зборот веќе не држи?

Пред само четири дена амбициозниот „политичар“ (ако веќе можам да го наречам политичар) Филип Петровски на Фејсбук го повика претседателот Иванов да ги ослободи драконски осудените македонци за настаните од 27. април во Собранието. Само ден подоцна, удри пак по пратениците. Сите 120 пратеници, вклучително нели и оние од неговата партија биле “ретарди“ кои ја осакатиле Македонија.

И еве, денеска така сабаљечки отворам да прочитам што има ново по медиумите, кога гледам истиот тој Филип Петровски и неговиот пријател Јове Кекеновски од таканаречената „Демократска фракција на ВМРО-ДПМНЕ“ велат дека да се амнестираат виновниците за 27-ми април е исто како да се амнестираат терористите од Диво насеље, откако лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, побара амнестија за обвинетите и осудени лица кои учествуваа во крвавите настани од 27-ми април.

Ова значи дека Филип во само четири дена успеал да го смени своето мислење, па луѓето од 27. април кои влегоа во Собранието на Република Македонија во денешното соопштение на нивната фракција ги споредија со терористите од Диво Насеље, па ова барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го нарекоа “нереално барање.“
Нешто слични ставови како овие сега за Мицкоски, дека е предавник и срам за четирите свети букви, Филипчо имаше и за неговиот претходен лидер Никола Груевски. Да не заборавиме, тој со критика против Груевски, додворувајќи му се прво на Љубе Бошковски, а потоа и преку својата партија со која едвај освои 1. 515 гласови на избори, градеше кариера, за потоа да се врати повторно во ВМРО-ДПМНЕ и да стане директор, по предлог токму на неговиот толку критикуван лидер.

Што правиме кога зборот веќе не држи? Тогаш наместо во друштво со луѓе како Мицковски покрај кои можеби може да се одржи на политичката сцена во Македонија, Филипчо заминува во историјата, со луѓе како Бачев, Солза Грчева, Палевски и екипа!

Пишува: Бранко Димитровски

 

поврзани објави

Последни објави