4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Петар Колев побара оставка од Роберт Поповски!

Претседателот на партијата Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев побара оставка од Роберт Поповски, министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

„За жал живееме во земја во која човечкиот живот нема никаква вредност наспроти политичките интереси. Бидејќи секојдневно владеjачката гарнитура ни објаснува колку многу тие веруваат во европските вредности, како патот на нашата земја е европскиот, сега е моментот да го покажат тоа и на дело дека е така. Освен што ја кријеа вистината за овој немил настан, кој ме потсеќа на едно минато време, уште никој си нема поднесено оставка. Во европска земја за вакво нешто оставката е најмалото нешто што може да се направи. МВР да си ја заврши работата,сторителите да си ја добијат заслужената казна, бидејќи законот треба да важи еднакво за сите! Поповски Роберт, пакувај куферите! Сочувство до родителите, почивај во мир Никола Саздовски“, напиша на својот профил Петар Колев.

поврзани објави

Последни објави