3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Мајката приведена за претепувањето на нејзиното бебе

Мајката на претепаното бебе денес на пладне од Шелтер центарот каде што била згрижена, повторно била вратена во ПС Кисела Вода и по сослушувањето била приведена, неофицијално дознава од МВР порталот МКД.МК. Највероjатно во истрагата за претепувањето на нејзиното 14-месечно девојче биле најдени дополнителни докази, поради што е задржана во станицата, а неофицијално станува збор за претходните насилства на над нејзиното бебе.

Полицијата засега, освен жената, нема уапсено други лица за претепувањето на бебето. Нејзиниот невенчан сопруг кој моментално издржува казна затвор не е вклучен во истрагата, бидејќи нема докази дека тој бил нарачател, или пак учествувал во насилството.

Првичните неофицијалани полициски информации беа дека жената и бебето биле претепани од неколку роднини на нејзиниот невенчан сопруг, но полицијата не дава официјлни информации за сомневањата. Откако сопругот заминал на издржување на затворската казна, жената останала да живее кај неговите роднини. По неколку месеци таа си заминала од кај нив и отишла да живее на друго место, каде што се криела сѐ до саботата кога роднините на сопругот ги пронашле и ги претепале. Сосед ги однеле претепаните мајка и бебе во Ургентниот центар, но тој не сакал да зборува пред полицијата.

Здравствената состојба на 14- месечното дете е подобрена. Детето не е на апарати, но постојано е под лекарски надзор бидејќи имало крварење во мозокот и скршеници на черепот. Лекарите констатирале и повреди со старо потекло кои не биле медицински третирани.

Од неделата попладне социјални служби одредиле старател на детето и роднините немаат право на негова посета. Мајката која исто така имала повреди по телото кога го однела во болница, била контрадикторна во изјавите, дека бебето само паднало, дека ја тепале неговите роднини, но дека и мажот кај кого живеела го тепал нејзиното девојче.

Извор: МКД.МК 

поврзани објави

Последни објави