4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

МАЈА ОЏАКЛИЕСКА: Ми се сруши целиот свет кога дознав дека внукот има аутизам!

Пејачката Маја Оџаклиеска пред 15 години престана да пее, а сега само се појавува во некои емисии. Потполно е посветена на семејството, првенствено на нејзиниот осумгодишен внук на кој пред пет години му е дијагностициран аутизам.

Маја призна дека во моментот кога дознала дека нејзиниот внук има аутизам, целиот свет и се срушил над глава.

„Бесна сум на целиот свет бидејќи знам дека мојата ќерка роди здрави дете. Неговата душа многу претрпе. На секој од нас нешто ни смета, а на него можеби ќе му засмета лаење на куче. Тоа е индивидуална работа, а секое дете со аутизам си има свет за себе, има некој проблем, изјави Маја.

Таа потенцираше дека не може многу да му пружи на внукот бидејќи нема доволно пари.

„Не можам многу да му пружам бидејќи имам мала пензија, но тој ме разбира. Ќе му речам: Не може баба, нема доволно пари, а тој молчи. Не е бесно дете кое сака да биде се по негово, искрена е Маја.

Маја Оџаклиевска е родена на 21 април 1954 година во Скопје. Својата музичка кариера ја започнува како 15 годишно девојче и се појавува на аудиција на Радио Скопје. Во 1970 година таа се преселила во Белград. На покана на Радослав Грајиќ учествува во радио емисијата „Максиметар“ , каде победила, добила епизодна улога во претставата „Рабле“ на Жан Луј Баро. Таа има учествувано на безброј фестивали низ поранешна Југославија. Соработува со големи музички имиња како што се С. Марковиќ, Марина Туцаковиќ, Глигор Копров, Кире Костов, Корнелие Ковач, Р. Радивојевиќ и други.

Сега веќе долги години таа работи и живее во Белград, Србија каде и пее на српски јазик. Маја Оџаклиевска е познат изведувач не само во Македонија и Србија, туку на целата територија на поранешна Југославија.

Извор: Вистина.мк

поврзани објави

Последни објави