Влатко Илиевски имаше обичај да објавува ретро фотографии на социјалните мрежи, да се навраќа низ времето, но и да ги памети годините од случувањата кои ги објавува.
Често практикуваше да објави фото спомени од детството, оние од настапите кога заплови во музичките води… а на сите да напише која година било тоа.
Таква постави пред само неколку дена, односно претпоследната фотографија која осамна на неговиот профил беше таква од детството, направена во далечната 1988 година кога имал само три години. Заедно со татко си на море во Улциљ.
Ги сакаше децата, а и самиот никогаш не го криеше детето во себе, токму затоа многумина што го познаваа знаеја да кажат дека дури било и чудно што секогаш знаел како да им направи ќеф на децата и да ги усреќи.
Омилени љубови му беа животни, особено неговите мачки Оскар и Бела.
За жал, ќе останат само сите овие спомени да се сеќаваме на Влатче!
Извор: Вистина.мк