7.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Убавица како неа: Вака изгледа ќеркичката на Анета Молика (фото

Анета и Џими Мицевски од групата Молика минатата недела прославија 16 години брак, а на први август ќе слават 17 години како се заедно. Нив не само што ги поврзува љубовта, туку и професијата. Музиката ги спои, љубовта ги врза и веќе 17 години се неразделни. Заеднички ја имаат ќерката Моника, за која велат дека во сета убавина и љубов што ги живеат во бракот, таа е единствената жртва на нивната професија. Постојано се на патување од Америка до Австралија и тешко им паѓа тоа што мораат често да бидат разделени од неа.

Како е да се биде 16 односно 17 години со ист човек?

-Најискрена ќе бидам. Јас сум пресреќна со Џими иако сме 16 години во брак и една година бевме во врска, значи 17. Љубовта кај нас се уште постои исто како да сме на почетокот. И што е најважно од се ние имаме разбирање и покрај тоа што сме заедно 24/7. Му благодариме на Господ што до сега во ниеден сегмент од нашето живеење ништо не ни е досадно.

Колку е предност а колку маана што со сопругот Џими сте во иста професија и постојано заедно?

-Не знам како би изгледало да не сме постојано заедно. Затоа и не можам да кажам ништо. Но, сега кога сме постојано заедно можам да кажам дека е многу голема предност, бидејќи само човек кој добро ја познава и ја работи оваа работа може да има разбирање за мене, за мојата работа.

Како е да се биде родител во оваа динамична професија со постојано патување?

-Е ова прашање ми е малку болно. Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва. Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника. За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа.

 

Целото интервју може да го прочитате на 7дена.мк

поврзани објави

Последни објави