Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пристигна на протестот „Правда за Саздо“ пред Собранието на РМ и испрати последен поздрав за Никола Саздовски- Саздо кој беше претепан до смрт пред десетина дена, а вчера им подлегна на повредите, информира порталот Курир.мк
Мицкоски, кој беше придружуван од поранешниот и сегашниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски и Лука Кржалоски, запали свеќа и го остави неговиот дресот.
21- годишниот Саздо беше член на навивачката група Комити.
Извор + ФОТО: КУРИР.МК