4.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Да се знае кој е главен: ЕУ и НАТО буквално го молат Трамп – подобар сојузник од нас немате

ЕУ и НАТО денеска во Брисел потпишаа Заедничка декларација за соработка а потписите ги ставија генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, престедателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и првиот човек на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Од заедничката прес конференција Туск му испрати порака на американскиот претседател Доналд Трамп кој ја доведува во прашање ефикасноста на НАТО, им се лути на европските сојузници поради недоволно учество во НАТО буџетот, се сомнева во соработката со ЕУ а на 16 јули се среќава со рускиот претседател Владимир Путин

Туск пораката ja објави преку Твитер:

„Драги Доналд Трамп, САД нема и нема да има подобар сојузник од ЕУ. Ние трошиме во одбрана многу повеќе од Русија и исто толку колку и Кина. Се надевам дека немате сомнеж дека ова е инвестирање во нашата заедничка безбедност што не може да се каже за трошоците на Русија и Кина“, напиша Туск на Твитер и твитот го заврши со „смајли“.

На прес конференција Туск беше уште поотворен:

-Мислете на ова кога ќе дојдете утре на самитот на НАТО и кога ќе се сретнете со Путин. Треба да знаете кој е вашиот стратешки пријател, рече Туск и потсети дека ЕУ беше првата која одговори позитивно на барањето на САД за поддршка по терористичкиот напад од 11 септември 2001 година.

Јункер исто така подвлече дека НАТО и ЕУ се природни партнер и дека двете страни делат исти вредности како слободата и демократијата.

-НАТО е камен темелник на оваа соработка а ние знаеме дека треба повеќе да направиме, рече Јункер реферирајќи се на барањето на Трамп до европските сојузници да достигнат 2 отсто од нивниот БНП за одбрана што досега за многу земји не е случај.

Во Заедничката декларација двете страни ја потврдуваат важноста и потребата на соработката за безбедноста на нивните граѓани. За таа цел тие се обврзуваат дека ќе работат, во идните месеци, на воената мобилност, на борбата против тероризмот и на откажување од хемиско, биолошко и радиолошко оружје како и ризиците од нуклеарно оружје.

Извор: Експрес

поврзани објави

Последни објави