3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

УМС на ВМРО-НП најостро ги осудува последните инциденти во кои се загуби млад човечки живот

Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија најостро ги осудува последните инциденти во Скопје и Тетово каде за жал во скопскиот се загуби и млад човечки живот.

Наместо од ваквите немили настани да излеземе со научена лекција особено од минатото, очигледно криминалците не мируваат па се удира токму таму каде што е најранлива државата, по младите.

 

Не коментирајќи го интензитетот на инцидентите, а и временската поставеснот со оглед на тоа во какви суштествени моменти за државата се случуваат, сакаме да укажеме на сериозноста од можни поголеми инциденти во кои најдебелиот крај ќе го извлечат токму младата популација.

 

Затоа,  Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија упатува апел до Министерството за внатрешни работи да во најбрз можен рок ги превземе потребните мерки и спречи инциденти од поголем но и катастрофален размер, со оглед на тоа до каде се може да оди,  а водени од последните случувања.

 

Воедно упатуваме и апел до младите особено во градовите каде што живее население од мешан етнички состав, да не се подлега на избрзани и не промислени реакции и мирно ја дочека разврската на случаевите.

 

поврзани објави

Последни објави