4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Сон на секоја жена е дом без прашина – еве што прават паметните жени

Постои одличен трик како да постигнете беспрекорно чист дом во кој не се собира толку многу прашина.

Премачкајте ја површината со оваа смеса и резултатот ќе ве воодушеви.

Бришењето прашина за многумина е кошмар токму затоа што за кратко време повторно се наталожува, и целиот труд пропаѓа во вода. Ко никогаш да не сте пребришале.

Но, постои еден одличен трик со кој бришењето прашина ќе го одложите за подолго време: премачкајте ја површината со следнава смеса!

Потребни состојки:

1 литар вода

1 лажица јаболкова киселина

1 лажица глицерин

Постапка:

Добро промешајте ја водата, јаболковата киселина и глицеринот. Течноста нанесете ја на памучна крпа и со неа добро премачкајте ги сите површини.

Уште неколку совети:

Не користете „прашко“ за чистење прашина бидејќи со него прашината само се разнесува од една на друга површина.

Редовно чистете ги грејните тела и клима уредите (можете и со правосмукалка) бидејќи таму може да се кријат големи количини на прашина која ќе се разлета штом ќе ги вклучите.

Исто така, одбегнувајте да бришете прашина „на суво“ бидејќи, исто како и со „прашкото“, прашината ќе се разлетува и ќе се наталожи на друга површина. Крпата малку навлажнете ја со вода.

Не заборавајте да се грижите и за правосмукалката, односно редовно менувајте го филтерот – инаку честичките од прашина нема да останат внатре туку ќе се разлетаат во воздухот.

поврзани објави

Последни објави