4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

А донации за НАТО журкава ќе има ли?!

Facebook ми е секојдневие. Зависност која никако и по никаков начин не ми пречи. За жал поминаа деновите кога зборот „одмор“ значеше нешто друго а не подглегнување на креветот со телефонот во рака и гледајќи „што им ново“… И така еве денес „гледајќи што има ново“ иако таа информација е од вчера, дојдов до листата на настапувачи за НАТО прославата. И што да ви кажам импресионирана сум! Абе до толку импресионирана што не знам кое оро да го свртам! Викам е сега му е мајката, забава до бесвест, башка без пари. Алооо абе да ти е мерак да живееш во Македоничево. Толку мерак што веќе не ми е гајле дали имаме за јадење, дали имаме да отидеме некаде на седенка онака бе на кафе само, или пак да си ги купиме лековите… Е и така радувајќи се оп друга информација. „Лекувањето на Ева Крстаноска, болна од леукемија секој ден е борба, секоја минута е многу важна. Поради тоа од денес има броеви за донации од ТЕЛЕКОМ и ВИП, кои во моментот се споделуваат. Телефонски броеви за донација се следните… 143 116 ТЕЛЕКОМ 143 502 ВИП или на трансакциската сметка за донации: 210-7000006464-47 НЛБ Тутунска Банка…

Забава а? НАТО а? Е ама какви се некои бе да не може човек раат да си појде да си се забавува и тоа бесплатно! Таму ние нема да даваме пари, други плаќаат за нас! Плаќаат и тоа грдни пари! Што сега ќе се нервираме за ова болниве нека си се снајдат сами! Поважно е да има музика бе, пијачка, лапачка алооо!

Како не ви е срам ! Пукнале да би пукнете викаат старите баби! Ј’ зк да ви е! За што бе вие честите? Толку ли ви е розово? Зошто тие непотребно фрлени пари не ги дадете на болните? Зошто нивните семејства мораат да бараат помош по интернети, телевизии радија, па да чекаат да се смилува некој па да даде 100 денари?! Срам да ви е! Овие прослави не се за џабе. Ова е перење на мозок на простата маса! Жал ми е како дојде човечкиот живот да биде безвреден наспроти вашите топли фотелји.

Автор: Елизабета Најдоска Величкова

Извор: Трибуна.мк

поврзани објави

Последни објави