Се смета дека во животот на секој човек има период во кој се му оди од рака – работа, учење, љубов, пари… Што не значи дека и во останатото време нема да е среќен, но особено во оваа фаза тревогите и негативните емоции се сведени на минимум.
Да си замислиме дека животот е еден круг поделен на четири временски сектори – детство, созревање, зрела возраст и старост. Во секој сектор има по три зодијачки знаци. И тие зодијачки знаци се чувствуваат најсреќни во периодот кој нивниот сектор го опфаќа.
Хороскопски знааци: Овен, Близнаци, Бик
Тие се енергични, импулсивни, често егоистични, љубопитни и нивната движечка сила е секогаш личен интерес. Исто како децата. Во периодот од 21-вата година тие треба да ја искористат максимално секоја можност.
Да не се плашат да бидат себе, колку и критики да добиваат. Се што решат, можат да го постигнат со леснотија. И нека овие цели не бидат ситни, туку такви кои долго време ќе им носат дивиденди.
Сектор 2: 22-40 години
Хороскопски знаци: Рак, Лав, Девица
Комуникативни, суетни, држат до своето и се разбираат од се. Токму како еден млад човек, кој скоро ја добил својата самостојност и веќе се чувствува “голем човек”. Тие имаат 2 двигатели – желба да се потисне другиот и интересите на семејството и пријателите.
Во периодот од 21-40 години, овие знаци ќе се чувствуваат вистински почитувани и сакани. Од нив зависи колку ќе имаат корист од тоа. Во принцип не се фанови на големите цели, но вистина е дека дури ни тие нема да и се спротивстават на “среќната фаза”.
Сектор 3: 41-53
Хороскопски знаци: Вага, Шкорпија, Стрелец
Фер, може да им се верува, гледаат на поинаков начин на животот. Но исто така се и малку арогантни со постојана желба да те водат и да те учат лекции за животот. Исто како еден веќе зрел човек, кој видел и научил многу. Нивната движечка сила е реализација на амбициите.
Во периодот од 41-вата до 53-тата година тие ќе чувствуваат хармонија со себе. Тоа е фаза на блаженство, нови хоризонти и исполнување на емоции.
Сектор 4: 54 години – длабока старост
Хороскопски знаци: Јарец, Водолија, Риби
Мудри, често вознемиени за нешто, понекогаш сочувствителни, понекогаш апсолутно груби. Исто како возрасен човек кој видел се, испитал се и знае како да се однесува во дадена ситуација. Движечката сила на овие знаци е спроведување на колективните цели. Ставете ги во тим, дајте им задача и само за неколку часови тие ќе се полни со таленти и идеи.
По навршувањето на 54 години, ги чекаат многу успеси, многу задоволство и доволно слободно време, кое ќе го посветат на себе и своите најблиски. Ако воопшто постои нешто како “блажена старост”, тогаш таа е резервирана токму за овие 3 хороскопски знаци.