Возбудлива мртва трка на врвот на пратениците кои “ги дерат даночните обврзници” со по над 100 илјади денари за патни трошоци месечно.
На листата на топ 10 пратеници според патните трошоци во овој период, рекордер е пратеничката на СДСМ Бети Рабаџиеска Наумовска која за шест месеци, од декември 2017та до мај годинава за патни трошоци ќе добие 11 770 евра.
Обичниот македонски даночен обврзник досега за Наумовска не слушнал.
Мира Стојчевска од СДСМ, која високо котираше и претходно и беше на самиот врв сега падна на второ место, овој пат ќе земе само 10 396 евра за 6 месеци.
За неа народот знае повеќе. Дозна откако месечно само за патни трошоци наплаќаше по 2000 евра а повисоката цена за дизелот во Собранието ја правдаше со фактот дека народот бил сиромашен и онака немал автомобили.
Основачот на ова надпартиско и наднационално движење на пратенички Силванова Бонева од ВМРО -ДПМНЕ која своето искуство со патните трошоци го пренесе и во ДИК сигурно е горда на нејзините наследнички во Собранието.
Извор: Експрес