4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Иселениците од Канада со закана: Пејачите кои ќе настапат на НАТО прославата да не им текнало да дојдат во Канада

Иселениците од Канада реагираат против музичарите кои ќе настапат на НАТО прославата, па се повикува на бојкот на нивните настапи. Претседателот на Светски Македонски Конгрес Канада, Bobby Temelkov, на својот Фејсбук профил вчера објави јавно предупредување до музичките менаџери, со кое порача дека музичарите не се добредојдени на настапи во Канада.

-Јавно предупредување! Немој ни случајно некој од Канадските музички менаџери да помисли да донесе во Канада некој од овие групи или пејачи! Лично ќе се погрижам настапите да бидат бојкотирани од мнозинството на Македонската заедница во Канада! – порача тој.

Големата прослава по повод поканата за членство во НАТО и добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ ќе се случува вечерва во 15 градови, а ќе настапат околу 40 музичари. Трошоците ќе бидат покриени од државниот буџет, но сеуште не се знае колку точно ќе изнесуваат.

 

поврзани објави

Последни објави