11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Почна Галичка свадба – еве како изгледаат младенците (ФОТО)

Со поставување на свадбарското знаме денеска во селото Галичник на Бистра планина почна 45. издание на Галичката свадба.

Младенци на годинашната манифестација се Тања Лепческа, со потекло од Галичник и Златко Димовски. Тие се избрани во конкуренција од четири пара.

Лепческа од својата петта година учестува на манифестацијата, а Димовски вели дека е подготвен и добро ги совладал обичаите карактеристични за Галичката свадба.

Судбоносното „да“ младенците ќе го кажат утре во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“.

Посетителите ќе можат да проследат над 30 обичаи кои што ќе се изведуваат за време на свадбарските денови.

На манифестацијата учество ќе земат околу 100 статисти облечени во автентични галички носии, КУД со околу 30 учесници, коњица и коњи со техничката поддршка, односно вкупно околу 250 луѓе.

Според многумина, ова е една од најспектакуларните културни манифестации во земјата.

Инаку, неодамна според „Њујорк тајмс“ и светски познатото списание „Нешнл џиографик“, Глачичка свадба беше прогласена за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа.

поврзани објави

Последни објави