6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Слугинката на Хитлер раскажува: Фирерот го служеа 22 девојки, во негово присуство не смееше да се зборува, а камоли да… (ВИДЕО)

Елизабет Каламер, Австријка која работела како слугинка во куќата на Хитлер во Баварија, после 71 година го прекина молкот и опиша како изгледал животот на имотот, додека нацистичкиот лидер бил таму.

Калмер сега има 89 години и открива дека љубовницата на Хитлер, Ева Браун се грижела за домашните работи, а вработените ѝ се обраќале со „Хајл, млада дамо“. Таа открива дека Хитлер имал проблеми со слезината, поради што строго се придржувал до препишана диета.

Сепак тој често имал „напади“ на глад во текот на ноќта, па по вечерните состаноци одел во кујната за да јаде колач, кој бил подготвуван специјално за него.

Слугинката открива дека Фирерот доста често спиел до 2 попладне.

 

Каламер започнала да работи во куќата на Хитлер во 1943 година, откако се јавила на оглас за кој што не знаела кој е газда.

Мајка ѝ не сакала да ја пушти на работа, но таа сепак се одлучила да ја прифати понудата.

За првата средба со Хитлер, таа раскажува дека куќата била полна со гости кога се појавил тој. Брзо сфатила дека во негово присуство не смее ни да размислува, а не пак да зборува. На персоналот им било забрането да зборува за него позади грб, но сепак тие тоа го правеле.

Од почетокот била запозната дека со откривање на било какви детали за животот во куќата ќе сноси сериозни последици. Елизабет била една од 22те девојки во служба на Хитлер, иако таа никогаш со него не разговарала.

Само членовите на послугата кои подолго време биле таму смееле да му се доближат на Хитлер и да влезат во неговите приватни простории. Елизабет работела во пералната, шиела, чистела и варела чај, кој Хитлер сакал да го пие од шолји произведени во фабриката за порцелан „Нимфенбург“. Таа еднаш скршила шолја поради што била казнета со скратување на слободните денови.

Условите за живот на имотот на Хитлер се разликувале од условите на германскиот и австрискиот народ. Додека семејството на Елизабет едвај преживувало, девојките во домот на Хитлер уживале во свежо цедени сокови и квалитетна храна.

Елизабет тврди дека Ева Браун секогаш била добра спрема неа и дека се однесувала како господарка во куќата, иако таа не беше венчана со Хитлер.

Хитлер бил опседнат со филмови и имал свое приватно кино во Бергхоф. Слугинките можеле да гледаат нацистички пропагандни филмови во кои глумела пејачката Марика Рек, која ѝ била омилена на Ева Браун.

поврзани објави

Последни објави