Вклучив во живо да ги гледам браќава и сестриве што отишле на прослава за “влез во НАТО и ЕУ“, нешто што уште не постои во реалноста, нешто за кое ќе ни требаат години и години. И си реков, ај да видам како се журкаат луѓево, да не ми биде криво шо не сум заминала и јас таму, арно ама глеам луѓево со сончоглед у раце, висат така по групи од 3, 4 до 5 луѓе и си праат муабет. Ај си велам, ова диџејов мора да ја утнал работата! Останав така уште неколку минути вклучена на LIVE-ot ама луѓево бе не мрдаат! Не бил диџејот крив! Организаторот да ти бил крив! Ги качил луѓево сеа викендашки да се возат од град в град за да си прослават нешто кое тие не само што не го чувствуваат како свое, туку уште не се случило, го нема во нашата сурова реалност!
Дека Груевски ги носеше луѓево ко стока на митинг, дека ја малтретираше администрацијата да го праи истото, е неспорен факт, но исто така неспорен факт е дека Вие другари сте исти како него! COPY PASTE!!!
Пишува: Валентина Соколовска