Многумина се уверени дека се проколнати, а за жал многу од нив се во право. Ако ги забележите овие осум знаци, кои се најчести показатели, може да значи дека некој ви направил магија.
Во православната религија, верувањето во магии, гатачи, бајачи е строго забрането. Дури, луѓето кои ги посетуваат овие луѓе, кои се занимаваат со некаков окултизам, црквата може да ги екскомуницира!
Зошто, затоа што посетата на овие луѓе се смета за голем грев, за паднатост во верата и губење на Божјата Благодат.
Сепак, луѓето кои се занимаваат со сатански работи се присутни мешу нас и најчесто своите спиритуални сознанија ги користат за правење лошо.
Еве ги знаците кои демоноопседнат човек ги чувствува:
Нагло губење на енергијата: Ако некогаш сте пукале од сила, сте биле преполни со живот и енергија, а одеднаш сте потонале и веќе немате воља за ништо, тоа може да биде еден од знаците дека ви е фрлена клетва.
Финансиска загуба: Доколку ненадејно претрпите големи финансиски загуби, ако сте изгубиле многу пари во некои влоувања или одеднаш од стабилна ситуација сте влегле во безизлезна.
Зачестени проблеми во љубовта: Некогаш сте биле во стабилна љубовна врска, но во последно време љубовниот живот ви е мизерен, не можете да задржите партнер, сте доживеале развод, немате веќе волја за секс.
Кошмари: Одеднаш почнувате да сонувате кошмари. Соништата се убедливи и многу ве оптоваруваат. Сонувате смрт, змии, скорпиони, пад од висина.
Црни знамиња: Доколку ви исчезне омилено парче накит или необјасниво се искине, тоа може да биде знак дека некој ви го зел и го употребил за да ви направи лошо.
Баксуз: Ова е нешто што многумина го доживуваат субјективно, но ако сте навистина во голема црна серија и сѐ се врти против вас, тоа е тоа.
Необјаснива болка: Ако почесто од нормално почнете да чувствувате болка во телото која не можете да си ја објасните, особено во долниот дел на грбот, стомакот, па дури и нозете, а лекарите не можат да откријат која е прчината.
Проблеми со спиењето: Одеднаш почнувате да се будите навечер, долго не моежет е да заспиете, се потите во текот на сонот, а порано не ви се случувало ова.
Ако препознаете само четири од овие знаци, не е страшно, но ако ги препознаете сите осум, веднаш посетете некој Божји храм и раскажете му на свештеникот што ви се случува!