6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Преку глава ми е веќе, доаѓам од Германија во МК на одмор, а сите нешто бараат од мене, па не сум јас банкомат

Се чувствувам некако разочарано и изморено, кога ќе дојдам во својата татковина. Се чувствувам како банкомат, сите од мене нешто бараат и се со раширени раце, погледи и молби. Како парите мене да ми растат на дрво. Мака ми е од роднините, кои претходно не сум ги знаел, од членовите на семејството, на кои одеднаш им станав важен. Сите сакаат да ме поздрават, да ме прегрнат и да ме ограбат, па макар и за германска чоколада.

И така е уште од моето прво заминување во Германија. Едвај чекав да се вратам дома, да ги видам најблиските, да се сетам на детството и младоста, а секој пат се случува едно исто. Глупави прашања и суптилно испружени раце. Вистински како парите да ми паѓаат од небо.

Секој пат ми се смачува кога ќе дојдам во Македонија. Се е полошо и полошо. Па барем патиштата да ги поправат. И луѓето на граница, кога ќе видат дека доаѓа дисјаспората, на се, се спремни. А мојот град, се повеќе не личи на себе. Сите се жалат и на никој не му е добро. Мака ми е од такви приказни.

Кога ќе се вратам сите ме познаваат. Се сеќавам кога завршив факултет, татко ми отиде да го праша неговиот прв братучед дали можам да работам кај него во фирмата, чија тој е сопственик. Јасно кажал НЕ, тој е се уште млад. Дојде време тој чичо денеска да ме прашува како е во Германија, има ли шанси, да ја водам со мене ќерка му!

Имаше роднини кои ме поминуваа на улица, а сега ми пишуваат на фејсбук секој ден, како ми е, и каква е процедурата за да дојдат! Баба ми, велеше од мене нема да биде човек, бидејќи квадрирав година. Татко ми молеше од еден на друг за да му позајмат пари за да одам на факултет. Никој не даваше, страв им беше дека нема да има како да ги врати…

Другарите ме исмејуваа бидејќи носам патики од пазар, а сите тие беа мамини и татини синови. Денеска тоа го заборавиле. Чекаат јас да ја платам сметката кога ќе дојдам тука. И уште многу такви приказни. И секое доаѓање една иста приказна и едно исто разочарување.

поврзани објави

Последни објави