7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Дивна Пешиќ сега е среќно омажена и живее на ова место во Америка

Најдобрата македонска стрелачка Дивна Пешиќ живее во Америка со сопругот Блаже и синовите Стефан и Виктор и освен со сликарство не се занимава со ништо друго. Таму породилното трае само 3 месеци, а таа не сака никој друг да ѝ ги чува децата додека се уште толку мали.

Дивна е мајка на тригодишниот Стефан и едногодишниот Виктор, не работи никаде, но слика и е максимално ангажирана во нивното одгледување и воспитување. Во САД добила понуда да се занимава со стрелаштво, но засега во прв план ѝсе децата и сите ангажмани околу нив.

– Мојот животен сопатник и мојата вистинска љубов, Блаже, го пронајдов на 33 години, иако се знаевме од деца во Кавадарци и сме иста генерација, сепак судбината не спои во Њујорк, многу подоцна. Децата дојдоа спонтано, како производ на нашата љубов, па Стефан го родив на 34 години, Виктор на 36, и со оглед на возраста пресреќна сум што родив две здрави и прави деца и без потешкотии.

Стефан го доби името по свекор ми Стефан Грозданов, додека за Виктор така одлучивме заедно со сопругот, со оглед на тоа што татко ми е Благој, свекрвата Благица, а сопругот Блаже, некако не ни одеше да го крстиме и него така… премногу Блажевци и Баговци…па така го одбравме ова име, кое е интернационално.

Во Америка живеат сами, Блаже работи, а Дивна се грижи за децата.

– Ги носам со мене секој ден на фитнес, а во склоп на фитнес салата има градинка каде што си играат и се социјализираат со други деца. Тука породилното отсуство е само три месеци, а јас не сакам да ги чува некој друг додека се на оваа возраст и сакам да сум со нив додека се сѐ уште мали.

– Стефан и Виктор зборуваат македонски, на кавадаречки дијалект. Стефан зборува и англиски во фитнесот со учителките и со децата, но повеќе разбира отколку што зборува. Сакам прво да го научат мајчиниот, македонскиот јазик, а англиски секако ќе научат.

поврзани објави

Последни објави