10.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Игор Џамбазов искрено: Имав две операции кај доктор ЏАНИ, беше густо ама преживеав!

Шоуменот, пејач, актер писател и што уште не, Игор Џамбазов минатата недела направи уште две интервенции, по кои, како што вели се чувствува супер.

Пред него е долго работно лето, ја почнува новата книга, која се вика „10.421“ и ја пишува заедно со сестра му, а за некој ден со Гуру Харе ќе им излезе новата песна „И така секој ден“. Денес, пак, е подготвен да го прослави 55 роденден, oткрива Игор Џамбазов во интервју за порталот „7дена“.

-После се што ми се случи во животот, староста која полека, но сигурно надоаѓа како плима, ми делува како невина детска игра. Мене лично ми одговара староста како таква. Си има свои маани, но и убави нешта. Најискрено, чувствувам дека сега го живеам најубавиот период во животецов. Релаксиран од се и имун на глупостите што ме опкружуваат. На крајот на краиштата, големиот Ал Капоне убаво си кажал: Две работи мора да ти се случат во животот- Да умреш и да платиш данок. Ова второво редовно го правам. За првото…има уште време.

Целото интервју со Игор прочитајте го на порталот „7дена“.

 

поврзани објави

Последни објави