13.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Во вторник драстична промена и услови за невреме, а во среда пад на температурите

Под влијание на нешто понестабилна воздушна маса која ќе се спушти од северозапад во вторник ќе има малку повеќе облаци над Македонското небо, пишува Метеомакс.

Ќе има и локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат нешто поинтензивни проследени со услови за ретка појава на град и електрични празнења.

Ќе дува умерен ветер претежно од западен правец кој навечер ќе го менува правецот во северен со што од север ќе се спушти посвеж воздух.

Максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.

Во среда на повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе услови пад на температурите на воздухот за околу пет степени и истите во среда ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

поврзани објави

Последни објави