4.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Ненад сакал да прави крштевка на близначињата – се шокирал од она што го побарал попот

Ненад од Србија сакал за роденденот на своите близначиња да направи и крштевка, но кога отишол во црква, следел шок.

– Отидов кај свештеникот да закажам термин. Планирав да оставам доброволен прилог, но тогаш свештеникот ме шокираше. Ми побара 10.000 динари за крштевката, ја започнува својата приказна 47-годишниот Ненад Џ.

Иако српската православна црква вели дека нема ценовник за верските услуги, Србинот раскажува нешто сосема друго.

– Одлучив да се распрашам и кај други свештени лица, отидов во друга црква, а таму не ми ни побараа пари. Свештеникот буквално не сакаше да земе денар. Ми покажа накај иконата и ми рече ако сакате оставете доброволен прилог, вели Ненад.

Таткото никогаш нема да се врати во црквата каде му барале пари.

Фото: Илустрација

поврзани објави

Последни објави