Крег Хамитон Паркер последните неколку години е вистински предвидувач на некои работи кои што во реалноста навистина се случија.
По неговите исполнети предвидувања, светската јавност почна да му ја дава довербата, пишува британски „Телеграф“.
Имено, господинот Паркер кога сите веруваа дека Хилари ќе биде претседател на САД, ја најави победата на нејзиниот противник односно победник на изборите, Трамп. Тој го најави и Брегзит.
Токму поради тие негови јасни предвидувања, Телеграф објави листа од 8 предвидувања што тој ги даде за втората половина на оваа година, а кои ги пишува на својот блог.
1. Во терористички напад со хемиско оружје врз еден од главните градови на Европа ќе се користат дронови, а најверојатно цели се Берлин или Лондон
2. Американски воен брод ќе потоне
3. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг -ун ќе биде соборен. Наводно ќе биде убиен во бунт, но неговото тело нема да биде пронајдено и ќе шпекулации дека се крие во Кина.
4. Доналд Трамп ќе добие уште поголема популарност во САД.
5. На крајот од 2018 година ќе падне вредноста на еврото и ќе предизвика големи нереди на Стариот Континент.
6. Ќе биде откриена измама со биткоин. Ќе се открие и дека со биткоини се финансира тероризмот
7. Во Антартикот ќе се појави голема дупка во мразот
8. Урагани од невидена сила ќе ги погодат Карабите, пожари ќе ги опустошат Калифорнија и Австралија, а поплави ќе ги погодат Кина и Индија.