4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Отишла на Острог и доживеала шок: Свештеник им рече на сите да излезат надвор, паднав на стомак и викав на цел глас!

„Имав чувство дека целиот свет се руши! Се гушев во проблеми, а никој немаше да ми помогне. Бев несреќна и незадоволна, нервозата секогаш беше присутна. Животот ми се промени дента кога одлучив да го посетам манастирот Св.Валисие Острошки,“ ја раскажува својата приказна една млада девојка.

„Се ми беше преку глава! На работа ситуацијата беше грозна, а и дома ништо не беше подобро. Поради секојдневната нервоза си го загрозив своето здравје. Сакав да се остварам себе си како мајка и да добијам бебе со дечкото со кој живеев веќе три години. Меѓутоа кога му го кажав тоа одеднаш се, се промени.

Отворено ми рече дека не сака деца и сметаше дека тоа е само губење на време. Често се расправавмепоради тоа. Секој ден ме чекаше дома нервозен и намрштен. Родителите постојано ме прашуваа дали има нешто ново, со надеж дека наскоро ќе им речам дека ќе станат баба и дедо. Се сеќавам тој 20-ти август имав ужасен ден на работа. Шефот пред сите викаше по мене, направив грешка која никако не смеев да си ја дозволам. Плачев во колата додека се враќав дома од работа. Не можев да ги сопрам солзите. Природа сум личност која собира се во себе, меѓутоа изгледа дека оваа беша капката која ја прели чашата. Ништо не беше така како што замислував.

Не сакав да се вратам дома, сакав да избегам од се. Седнав во колата и се упатив кон манастирот Св.Василие Острошки. Телефонот непрекинато ѕвонеше. Некаде пред утрото стигнав во Никшиќ. Со оглед на тоа дека прв пат доаѓам во оваа место, не знаев што ме чека таму.

Ја оставив колата пред манастирот и трчајќи тргнав кон влезот на оваа свето место. Луѓето кои беа тука ме гледаа со чудење. Монахињата која во тој момент излезе од малиот премин застана покрај мене и ме фати за рака. Ја погледнав уплашено и зачудено.

Плачи немој да се срамиш. Ако чувствуваш дека треба да плачеш тогаш плачи. Сега ќе влезеш внатре и сите проблеми ќе исчезнат, јас ти гарантирам. Самите себе си сме си најголеми непријатели. Замоли го свештеникот да ти прочита молитва и се ќе биде во ред. Ти ја посакувам целата среќа на овој свет и Господ нека е со тебе – прошепоти монахињата со тих и смирувачки глас.

Гледав во неа како мало дете. Пред малите простории во кои се наоѓаа моштите на Св.Василие Острошки стоеше монах кој ги пушташе луѓето внатре.

Кога влегов во просторијата некоја струја помина низ моето тело, почуствував немоќ. Свештеникот со рака им покажа на луѓето да не влегуваат, па останав сама внатре со нив. Ништо не можев да кажам. Паднав на колената и се фатив за стомакот. Имав неподносливи болки. Свештеникот почна да ја чита молитвата, а јас викав со сиот свој глас. Не се сеќавам на ниту еден збор кој го изговори.

Сега ќе ти биде подобро – ми рече тивко. Го бакнав крстот кој ми го приближи, меѓутоа и понатаму неможев да станам. Монахот кој стоеше надвор влезе и ме крена. Се потпрев на него и заедно тргнавме кон излезот.

Ме однесе до една просторија и ми помогна да седнам. Бев уплашена! Не знаев што ме снајде. Плачев, па во следниот момент кеконтролирано се смеев.

Бледа си, земи малку вода. Немој да се грижиш, се ќе биде во ред. Тоа најлошото помина, остани тука вечерва, ќе ти биде убаво. Многу луѓе спијат пред манастирот, ние ќе бидете тука ако нешто ти притреба. Немој да се плашиш – рече монахот љубезно.

Бев во манастирот две недели. Секоја ноќ спиев под отворено небо. Кога тргнав назад дома почувствував големо олеснување. Го немаше веќе оној товар кој секојдневно го носев со себе. Прв пат во животот знаев дека се ќе биде во ред, навистина, бев сигурна во тоа.

Ја прекинав долгогодишната врска и ја сменив работата. Се тргна на подобро, дури и мојата здравствена состојба се стабилизираше, секоја ноќ го сонував манастирот Острог, наутро се будев и со насмевка на лицето. Сега имам маж и син Василие, кој наскоро ќе наполни една година. Наскоро ќе го крстиме во манастирот кој мене ми го промени животот засекогаш“.

поврзани објави

Последни објави