3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Рано посабајле: Викторија Лоба го покажа и мечето и јазичето (ФОТО)

Македонската поп пејачка Викторија Лоба дефинитивно се етаблираше во вистинска музичка ѕвезда. А секоја ѕведа заслужува да седне во ѕвезда зад воланот, па русокосата мачка, однеодамна вози „мечка“.


Првата утринска дестинација – добра локација каде што се пие првото утринско кафе. А Лоба очигледно го пие ладно… Нескафе за добро утро или како што вели и самата доброто утро започнува со добро кафе. За сите, па и за пејачката, која покрај кафето посака уште нешто, за денот да и биде ем добар, ем сладок. Слатка вафла со еурокрем, топче сладолед, јаготки и прелив од шумско овошје е нејзиниот избор.


Па в уста, малку цевчето, малку лажичето, а Лоба не заборави да го покаже и јазичето… Се разбира, само за слатко да се оближе од највкусната вафла што ја има пробано.


Толку, колку за добро утро… Останатото – за добра… и бурна ноќ!

поврзани објави

Последни објави