-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите и навредите кон медиумите се закани кон јавноста и го покажуваат немањето демократски капацитет на владејачката гарнитура

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува односот на власта кон медиумите и попречувањето на фоторепортерите професионално да ги извршуваат службените задачи, се вели во партиското соопштение.

-Заканите и навредите кон медиумите се закани кон јавноста и го покажуваат немањето демократски капацитет на владејачката гарнитура. Премиерот Зоран Заев мора веднаш да се извини на медиумите за недоличното однесување кон професионалците кои само ја вршеа својата работа информирајќи ја јавноста. Премиерот Зоран Заев мора веднаш да го смени својот советник за медиуми кои со закани и потценувачки однос се обиде да ги замолкне и заплаши новинарите, стои во соопштението.

Од партијата посочуваат дека само со преземање на овие чекори премиерот Зоран Заев ќе покаже дека сериозно се залага за медиумските слободи.

поврзани објави

Последни објави