Раководството на Јувентус ја одби понудата на Челзи за фудбалерите Гонзало Игуаин и Даниеле Ругани.
Клубот од Лондон за двајцата понудил 90 милиони евра, но италијанскиот шампион веднаш го отфрлил предлогот.
Јувентус за Ругани очекува да добие најмалку 40 милиони евра, додека почетната цена на Игуаин е 60 милиони. Во италијанскиот клуб наведуваат дека преговори за нивен трансфер се можни доколку најниската понуда за двајцата е 100 милиони евра.
Од друга страна, новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари, инсистира во Лондон да ги доведе Игуаин и Ругани со кои и претходно соработуваше и добро ги познава нивните квалитети.