16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Мицкоски: Европските вредности и принципи треба да ги применуваме на дело

За некои од темите имаме придвижување во ставовите, за некои немаме придвижување на ставовите. Се договоривме, генерално, во понеделник наутро или недела навечер да ги продолжиме разговорите во овој формат. Да видиме како ќе се развиваат па понатаму ќе дискутираме за деталите.

Ова денеска по завршувањето на лидерската средба го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Доколку навистина се стремиме кон европските вредности и принципи, така треба и да се однесуваме. Истите вредности, не само декларативно да ги соопштуваме, туку и да ги применуваме во дело. Тоа подразбира почитување на законите и почитување на Уставот и да превенираме било каков обид да се изигра волјата на граѓаните, односно да се поставуваат повеќесмислени прашања за круцијални теми, за кои што ние како граѓани сме загрижени за иднината на оваа држава, истакна Мицкоски.

Тој не сакаше да ги соопшти деталите од состанокот, односно за што се согласуваат со власта, а за што не се согласуваат. Рече дека е оптимист оти за дел од темите има напредок, посочувајќи дека се се ограничува до формирање на составот на Државната изборна комисија.

Мицкоски потенцираше дека амнестија не е тема на овие средби.

-Тоа е уште еден груб обид да се манипулира јавноста. Токму на тоа апелирав, не треба да дозволиме јавноста да се манипулира и не треба нашите лични слабости и недостатоци да ги покриваме со реченици кои што имаат единствена цел, да го свртат вниманието од реалните теми и проблеми, и да се манипулира јавноста. Треба да останеме принципиелни, чесни и искрени во намерата. Така што, јас уште еднаш ќе повторам, оставаме процесот да се развива па ќе дискутираме за деталите понатаму, потенцираше Мицкоски.

Појасни дека денеска во партијата ќе се одржат состаноци на Извршниот комитет, Централниот комитет и пратеничката групата.

поврзани објави

Последни објави