-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Илија Димовски: Чекајте другари, кога беше режимот на најјако, не беше вака

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, ѝ порача на власта дека влегува во многу голем ризик ако донесе изборен законик без опозицијата.

Груби, мислам дека треба да ја прекинете седницата поради тоа што ги немате амандманите пред вас и вториот аспект е политичкиот. Сакам да ви доволам дека веќе разлетавте, а целта ми е да ви ја разбудам совеста – рече Димовски на комисијата за европски прашања, на која на дневен ред се измените на изборниот законик што ги предложи Владата.

Димовски упати апел до Груби да престанат со насилието.

Знаете што се зборува надвор? Дека СДСМ е ВМРО уклучено на најјако. Во Собраниево двајца се најважни. Тоа се Груби, кој ми е пријател и Џафери, кој е исто мој пријател. Ние другите џабе облекуваме костими, џаме земаме плата. Ветувавте покана за ЕУ, добивте пејпер во фаца, ви кажаа дека сте покорумпирани од било кога. Тоа се сигнали до вас, тоа е штета за вас. Мојот апел до вас е, да прекинете без утврдување на дневен ред. Да престанете со насилие. Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било – рече Димовски.

Вашиот удар во ѕид, додаде, ќе биде многу полошо од она што го доживеа ВМРО.

Ова закажување на комисијата е во афект поради непостигнување на договор за финансирање на политички партии и другото – рече Димовски.

Извор: Република

поврзани објави

Последни објави