4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Каракамишева: Има една работа што разумен човек не смее да ја направи ниту во сон

Во политиката човек може да има многу отворени опции, но има само една работа што ниту еден разумен човек не смее да ја направи ниту во сон, напиша по денешната лидерска средба професорката Татјана Каракамишева.

„Во политиката човек може да има многу отворени опции, многу отворени патишта, многу чекори што може или не може да ги направи, многу работи за кои вреди или не вреди да размислува!  Во политиката сите опции, сите преземени или не преземени чекори, сите патишта можат или не можат да бидат оправдани и разбрани од другите! Но, во политиката има само една опција, има само една работа и само една константа која ниту еден разумен човек не смее да ја направи ниту во сон – тоа е опцијата, чекорот, патот што води кон предавство на сопствената татковина и сопствениот народ!“, порача професорката.

 

поврзани објави

Последни објави