Сите се движиме со своите грижи, напнати, нервозни, најчесто не ја приметуваме околината околу нас, а се случуваат најразлични нешта. Некогаш, на некој можеби и му треба помош од нас.
Прекрасна сцена во автобус на ЈСп со број 24. Според фотографијата од Ѕидот на сообраќајниот срам, возачот на автобусот без никој да му каже, станал и пренел изнемоштена бабичка од автобусот до автобуската.