Група турски готвачи постигнала светски рекорд со правењето на најголемата баклава, тешка повеќе од 500 килограми.
Баклавата била послужена на гостите во огромна тепсија на „Самитот на гастрономија“ во Анкара, каде десетина посетители се туркале за своето парче баклава.
Мехмет Канбур, кој ја предводел групата од 14 готвачи од цела Турција, изјавил дека баклавата е тешка 518 килограми, што е двојно повеќе од претходниот рекорд.
Слаткарите на оваа задача работеле три месеци. Баклавата била печена во една тепсија во посебно изработена печка, објави весникот „Дејли сабах“.
Рекордот го потврдиле и претставници на Гинисовата книга на рекорди.
Баклавата, за чие потекло се спорат Грција и Турција, се подготвува со ореви или ф’стаци и со прелив од шеќер.
Најголемата баклава на светот е испечена во 2.5 метри широка и 7.5 метри долга тепсија. Исечена е на вкупно 11.800 парчиња.