Ангелика Ларсон е млада девојка од Шведска која поради своето занимање може да се носи со многу свои машки колеги.
Атрактивната Ангелика вози камион, управува со багер, пука со автоматска пушка, изгледа многу добро, а освен талентот за возење, сака и адреналински спортови.
Без оглед дали станува збор за автопат или вода, таа добро се снаоѓа, а нејзината приказна овие денови е хит на европските интернет портали.
Се занимава претежно со машки работи и многу е успешна.
„Моето хоби е мојата работа. Сакам добра кондиција и се обидувам добро да се хранам за да можам да се носам со физичките предизвици со кои се сретнувам“ – изјави Ангелика.
Таа почнала да вози товарни возила кога имала само 19 години.
Можеби ќе звучи смешно, но мојот сон е да патувам по светот и да запознавам различни патишта и да ги тестирам новите камиони“ – изјавува оваа Швеѓанка.