Тито бил голем хедонист, но имало едно јадење што одбивал да го проба.
И понатаму многу се пишува за животот на Јосип Броз Тито, но постојано се откриваат нови детали. Одамна се знае дека тој бил голем хедонист, но дали сте знаеле дека имало една намирница која доживотниот претседател на Југославија одбивал да ја јаде?
Имено, Јосип се опуштал со виски старо 20 години и пушел цигари од Хавана, а кога е храната во прашање, тој не бил многу пребирлив. Според неговиот последен батлер, Јоже Осели, на југословенскиот претседател секогаш му сервирале различно месо, прилози и салати, а тој самиот си го ставал во чинија она што сакал да го јаде во моментот.
Одбивал да проба само едно јадење!
„Му донесовме полжави, а тој рече ‘Не, јас не би јадел полжави’“, открил славниот словенски готвач во неговата книга „Последните денови на Тито“.
Загорје во срцето
Јосип Броз Тито ја обожавал загорската кујна, а особено загорските штрукли. Од месо, најмногу сакал говедско а утрото го почнувал со кратко еспресо без шеќер. Кога во Северна Кореја добил на подарок чај од жен шен, почнал задолжително да ја пие оваа напивка пред спиење. Чајот од жен шен има многу здравствени придобивки: ја подобрува благосостојбата на организмот и менталните активности, а влијае и превентивно против многу болести.