Аргентина беше елиминирана од Франција на Светското првенство, а Лионел Меси се дистанцира од професионалните обврски и му се посвети на семејството.
31-годишниот фудбалер моментално престојува на јахта на Ибица, каде ужива со неговата 30-годишна сопруга Антонела и малите синчиња.
На дел од фотографиите, 5-годишниот Тијаго носи ист црвен костим за капење како својот татко.
Убавата сопруга на Меси се забавуваше со малиот Матео.
Славното семејство е во друштво на пријатели.
Лионел и Антонела стапија во брак во јули минатата година. Тие се познавале од мали нозе, а официјално објавија дека се во врска во јануари 2009 година. Парот има три деца 5-годишниот Тијаго, 2-годишниот Матео и 4-месечниот Чиро.